Почетна / Спорт / Целосна снимка од „Асовите бираат асови“ на Сител 3

Целосна снимка од „Асовите бираат асови“ на Сител 3

 

„АСОВИТЕ БИРААТ АСОВИ – Спортист на годината 2012“
снимка од целосната емисија емитувана на 17. февруари на Сител 3

 

 

Ракометарот на македонската репрезентација и член на РК Металург Наумче Мојсовски го доби признанието најдобар спортист на Македонија за 2012. година во организација на Телевизија Сител. Традиционалната манифестација „Асовите бираат асови“ се одржа синоќа во Телевизија Сител, а ова беше 21. издание на оваа свеченост.

Во конкуренција на „Суперспортист“ наградата му припадна на Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Атлетико Мадрид. Признанието „Ас на годината“ го доби нашата параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал. За успесите постигнати на репрезентативен план и пред се за учествата на Европските првенства во Србија во 2012 година, како најдобри репрезентации беа прогласени машката и женската. Во конкуренција на екипи признанијата им припаднаа на машкиот и на женскиот колектив од Автокоманда – РК Металург и ЖРК Металург, кои покрај титулите имаат забележителни настапи и во еврокуповите. И наградата за најдобар тренер „замина на истата адреса“.

Тренерот на машката екипа на Металург, Лино Червар повторно е прогласен за најуспешен, додека во катергоријата селектор признанието му припадна на Бранимир Јовановски – тренер на Оливера Наковска-Бикова. Најдобар млад спортист за 2012 година е ракометарот на Металург, Дејан Манасков. За спортски работник е прогласен Томе Главчев, а градоначалник на годината – Тони Трајковски од Гази Баба. Спортскиот оскар на Сител телевизија го добија и Михајло Михајловски – Ватростална, за донаторството во македонскиот спорт и Ансамблот Танец доби награда „Со љубов за Македонија“.

 

текст: Сител

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот …