Почетна / Забава / Евровизија / Франција на Евросонг со песна на англиски и француски јазик

Франција на Евросонг со песна на англиски и француски јазик

 

Amir – J’ai cherché (Франција)

 

Една од првите земји учеснички на Евровизија, Франција досега има пет победи на овој настан (1958, 1960, 1962, 1969-та година, онаа во која дури четири земји беа победнички поради исти резултати, плус Шпанија, Холандија и Велика Британија и 1977 година). Оттогаш тие бележат низа високи резултати, но ниту една повторна победа. Француската национална телевизија потврди уште на 27 мај дека ќе биде дел од Евровизија во Стокхолм и дека повторно ќе го бира својот претставник преку интерна селекција.

 

 

Беше одлучено дека може да се пријавуваат изведувачи од 16 до 50 години, и дека 80% од нумерата мора да биде изведена на француски јазик а останатиот дел може да биде изведуван на било кој јазик. На крајот од јавниот конкурс беа примени 280 песни, а стручно жири одлучи дека таа треба да биде J’ai cherché, која е исполнета на француски и англиски јазик и дека е најсоодветна за настан како Евровизија и за достигнување на конечно успешен резултат за Франција.

 

Amir Haddad е израелско-француски пејач и текстописец. Роден во Франција, заедно со својата фамилија во 1992 на осумгодишна возраст имигрираат во Израел. Како мал пеел во синагога и на разни социјални настани. Стекнува популарност во 2006 година како учесник на четвртата сезона од израелското натпреварувачко музичко шоу Kokhav Nolad (A Star is Born). Во 2012 се запишува на Стоматолошкиот факултет во Ерусалим. Сепак, во 2014 година станува дел од францускиот The Voice каде што стигнува до петтата емисија во живо и ја стекнува популарноста и во Франција. Има издадено еден соло албум, во 2011 година, а годинава треба да излезе во продажба неговиот втор албум.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …

error: Содржината е заштитена!