Почетна / Забава / Евровизија / Филипа за Португалија на “Евровизија”

Филипа за Португалија на “Евровизија”

32/43

 ПОРТУГАЛИЈА

Изведувач: Filipa Sousa
Песна: ‘Vida minha’
2 Полуфинале (24/05/2012)

 

После минатогодишната глупост што ја избраа Португалците, годинава тие се враќаат со една одлична фадо песна компонирана од никој друг туку од хрватскиот Андреј Бабиќ (познат по Евровизиските хитови “Senhora do Mar”, “Cvet z juga” и други). Годинава бев скептичен од тоа што ќе изберат тие бидејќи скоро и да немаше ниту една убава песна, кога ги преслушав сите песни единствено ова скриено ремек дело ми го привлече вниманието. Мене ми се допаѓаат вакви песни, го обожавам овој медитерански португалски звук и навивам за тоа да се најдат во саботната вечер! Многумина не и предвидуваат баш влез во финале на Филипа, девојката со моќен глас. Сметам дека Андреј не згрешил во изборот на изведувач за неговата песна, бидејќи не би ја замислувал оваа песна изведена од друг женски глас, овој одлично одговара! Слаб сум на португалски песни, паднав и на оваа, една од моите омилени песни за 2012-та, преслушајте ја и вие!

 

 

Резултати од национално финале:

01 – 24 – Filipa Sousa – Vida minha
02 – 16 – Cúmplice’s – Será o que será
03 – 14 – Rui Andrade – Amor a preto e branco
04 – 13 – Ricardo Soler – Gratia plena
05 – 12 – Pamela Salvado – Fica a saudade
06 – 10 – Carlos Costa – Queres que eu dance
07 – 7 – Vânia Osório – O mundo passa
08 – 5 – Pedro Macedo – Outono em forma de gente
08 – 5 – Joana Leite – O amor é maior que a vida
08 – 5 – Arménio Pimenta – Um poema na bagagem
11 – 4 – Tó Martins – Amanhã começa o meu futuro
12 – 1 – Gerson Santos – Redescobrir Portugal

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …