Почетна / Живот / Регионот во тага и неверување – малата Данка е убиена и фрлена во депонија

Регионот во тага и неверување – малата Данка е убиена и фрлена во депонија

Македонските медиуми ја пренесоа веста која ја потресе српската и регионалната јавност – девојчето по кое се трагаше 10 дена е убиено. Веста ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, по што сите медиуми во соседна Србија во шок и неверување продолжија да ги пренесуваат тамошните информации од полицијата.

Двајцата монструозни и одвратни убијци на 26 март, според сопственото признание, ја убиле малата Данка. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и со голи раце го задавил детето кое лежело на патот и плачело. Еден од осомничените излегол од автомобилот и наместо да и помогне, ја ставил во багажникот и се упатиле кон депонијата.

Го однеле детето до депонијата и го фрлиле таму. Прво го закопале со ѓубре, за да не се забележува, а потоа отишле и се договориле темелно да го исчистат автомобилот со киселини и хемикалии за да се отстранат трагите од крв. Само со форензичка анализа и употреба на специјални светилки полицијата ги отркила трагите од крв. Подоцна било утврдено дека крвта е на Данка. Српските медиуми пишуваат дека за сите денови додека полицијата трагала, С.Ј(50) и Д.Д.(50) кроеле план како да ги сокријат трагите.

Еден од осомничените размислувал да го пренесат телото на Данка во село на 36 километри од Бор. Ова се случило откако мажите виделе како цела Србија е на нозе и трага по детето. Исто така, двајцата мажи претходно биле приведени во полиција бидејќи нивното возило „фиат панда“ било фатено на камерите кои полицијата ги прегледувала. Мажите изјавиле дека немаат врска со исчезнувањето на Данка и биле пуштени од полицијата.

Но, тие биле многу сомнителни на полицијата и затоа полицијата и пожарникарите ги прекопувале атарите на селата и ги пребаруваа депониите, убедени дека ќе го најдат телото што го закопале.

ТВ Пакет искажува голема тага и сочуство до целокупната српска јавност за свирепото злосторство кое одзеде еден млад и невин живот. На голема жалост на сите, потрагата по Данка заврши со трагичен крај.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

error: Содржината е заштитена!