Почетна / Забава / „Том и Џери“ добија цензурира поради расизам

„Том и Џери“ добија цензурира поради расизам

 

Обожавателите на легендарниот цртан филм се бесни бидејќи овие две епизоди се означени како несоодветни и отстранети од најновата ДВД-колекција.

 

 

Студиото „Ворнер Брос“ одлучи на новата ДВД-колекција цртани филмови „Том и Џери“ да отстрани две епизоди поради расизам. Обожавателите на овој цртан филм се гневни поради оваа одлука. За „Ворнер Брос“ две епизоди се „спорни“ и тоа „Casanova Cat“ од 1951 година и „Mouse Cleaning“ од 1948 година, во кои мачката и глушецот се прикажани со зацрнети лица. Обожавателите на легендарниот цртан филм се бесни бидејќи овие две епизоди се означени како несоодветни и отстранети од најновата ДВД-колекција.

 

 

На вториот дел од златната колекција требало да се најдат сите епизоди наредени хронолошки. Иако ДВД-то сè уште не се најде во продавниците, обожавателите кои преку „Амазон“ однапред ја нарачаа колекцијата оставија бројни негативни коментари, а на „Фејсбук“ се појави група „Да ги ослободиме забранетите цртани Том и Џери“.

Портпаролот на компанијата „Ворнер Брос“ изјави дека студиото смета дека одделни делови на цртаните филмови се несоодветни. Хана и Барбера напишаа, продуцираа и режираа 114 куси филмови со Том и Џери меѓу 1940 и 1957 година, а оригиналната серија освои седум „Оскари“, пишува Телеграф.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …

error: Содржината е заштитена!