Почетна / Филм / Филм за Лејди Гага

Филм за Лејди Гага

 

 

Лејди Гага ќе стане филмски лик во филмот за својот живот и дело, приказната ќе биде сконцентрирана на краткиот период откако таа се појави на сцената па се до денес. Но, иако само неколку години беа доволни за да неа ја наречат “легендарна”, американските продуценти одлучија да и посветат игран филм “Monster: The Lady Gaga Story” сконцентриран на нејзините почетоци, од кој еден дел ќе биде базиран според информациите кои излегле од нејзиното поранешно момче.

 

 

Истите тие продуценти наводно се во потрага по пред се непозната, нова и млада актерка за главната улога на младата Гага, чие вистинско име е Stephanie Germanotta. Поради сето ова популарната 25-годишна пејачка моментално е особено загрижена, нејзините пријателки велат дека е бесна и е во паника поради тоа што нејзиниот живот ќе се разоткрие во еден телевизиски филм, и тоа без нејзина контрола. Пејачката не сака луѓето да ја запознаат и како несигурна личност, каква што била, бидејќи нејзината цел е да ја доживеат како моќна и силна, вели извор близок на контроверзната пејачка.

 

 

 

 

Ivana T. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува ретро киното на Алфа, погледнете што следува

Продолжуа летното кино на Алфа со ретро југословенски филмови. Во продолжение прочитајте кои филмови ќе …