Почетна / Забава / Талија и Алехандро се сликаа голи!

Талија и Алехандро се сликаа голи!

Латино-американската поп дива Талија позираше гола за насловната страница на престижното списание „Hola“, а заедно со неа е и синот Метју Алехандро, кој се роди пред точно една година.

 

 

„Тој е прекрасно бебе, забавно и секогаш будно. Никогаш не сум била толку лудо вљубена во некој маж“, изјави ѕвездата од серијата „Росалинда“.

„Мет е роден гладијатор, затоа што првата борба со болката и загубата ја преживеа внатре во мене кога ја изгубив својата мајка“, додаде мексиканската ѕвезда чија мајка почина еден месец пред да се роди нејзиното второ дете.

 

„Мојот син обожува да слуша мамбо, и со оваа музика го заспивам. Среќна сум затоа што со тоа потсетува на неговата баба, која по цел ден слушаше мамбо“, се сети Талија со солзи во очите.

 

Инаку, Талија е сопруга на познатиот бизнисмен Томи Мотола со кој веќе долги години живее во Њујорк. Популарната пејачка својата прва ќерка ја роди во 2007-та година. Македонската публика ја познава благодарение на легендарната серија „Росалинда“, која всушност е нејзиниот последен проект во светот на сапуниците. Талија потоа стана голема музичка ѕвезда, а нејзините албуми во светот и кај нас се продаваа во рекордни броеви. Медиумите честопати позитивно го критикуваат нејзиниот изглед, бидејќи како што велат, „Талија не знаела да старее“.

 

 

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Премиерот Зоран Заев со Димитров на Струмичкиот карневал

Премиерот Зоран Заев на Струмичкиот карневал симболично побара преговори за членство со Европската Унија. На …