Почетна / Сапуници / Фото | Познатиот Саваш го прослави првиот роденден на ќерката

Фото | Познатиот Саваш го прослави првиот роденден на ќерката

Шармантниот актер Мурат Јилдирим, кој на македонската публика ѝ е познат како Саваш од “Љубов и Казна” на својот профил на социјалните мрежи ја сподели радоста за првиот роденден на неговата ќерка. Срдечната објава привлече широко внимание од неговите обожаватели.

Мурат ја изрази својата среќа објавувајќи семејна фотографија и напиша: „Денес нашата Мирај наполни една година. Среќен роденден, наше мало ангелче. Сите години да ти бидат здрави и среќни“.

Мурат e веќе осум години среќно оженет со преубавата мароканска актерка Иман Елбани, со која во минатото на екранот дури беа и колеги. Оваа прекрасна двојка им е омилена на многу љубители на турските серии и сите беа радосни кога тие станаа родители за првпат и на светот ја донесоа својата ќерка Мирај.

Нивната љубовна приказна е исто толку романтична и магична како и онаа на Селин и Картал од серијата на Канал 5 – Мирисот на љубовта. Во „Мирисот на љубовта“, животот на убавата Селин која живее и работи во парфимерија во Франција засекогаш се менува кога го запознава Картал, кој е на службен пат од Турција.

Лудо вљубувајќи се, парот поминува неколку прекрасни денови заедно, но тој евентуално мора да се врати во Истанбул, иако и ветува дека ќе се врати. Но, она што Селин не го знае е дека тој чува една огромна тајна од неа.

По Љубов и казна, актерот го следевме во улогите на Демир во Аси, како и во сериите Тишина, Мирисот на љубовта, Бура

Обожавателите на љубовната приказна на Селин и Картал можат да ја гледаат серијата „Мирисот на љубовта“ секој ден од 18:20 часот на Dizi.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

error: Содржината е заштитена!