Почетна / Телевизија / Српското музичко шоу „Ѕвездички“ започна на Сител телевизија

Српското музичко шоу „Ѕвездички“ започна на Сител телевизија

 

“Пинк ѕвезди” доби и детска верзија – “Пинк ѕвездички”

 

На Сител телевизија со емитување започна српското музичко шоу “Пинк ѕвездички”, кое се емитува во 21:15 часот. Додека на Алфа го гледаме истото шоу но за кандидати постари од 15 години, на Сител ќе се емитува талент шоуто за малите ѕвездички до 15 години. Концептот и на двете шоуа e базиран на концептот на светски популарното “The Voice”.

 

 

Водител на шоуто е Маријана Микиќ, а наместо Цеца, Харис, Марина Туцаковиќ, Мирослав Илиќ и Бора Чорба кои се судии во “Пинк ѕвезди”, овде ќе ги гледаме Леонтина, Милан Станковиќ, Хари Варешановиќ, Гоца Тржан и Јелена Томашевиќ. Дечињата кои ќе се натпреваруваат ќе треба да испеат по една песна на сцената. Доколку тројца од судиите ги кренат столчињата, тогаш кандидатот ќе може да испее уште една песна, а во спротивно излегува од натпреварот и не продолжува. Доколку и по втората песна, останат тројца судии кои даваат глас на талентот, тогаш тој продолжува во баражот на крајот на емисијата, каде сите пејат без музика и каде од сите дечиња ќе мора да се изберат само неколку за наредниот елиминационен круг. Истите правила важат и во шоуто за возрасните (на Алфа), истите правила ќе важат и за децата (на Сител).

 

Шоуто “Пинк ѕвездички” e моментално најгледана програма во Србија и Црна Гора, зад себе оставајќи ги “Пинк ѕвезди” и “Ѕвездите на Гранд”. Во шоуто се натпреваруваат и неколку деца од Македонија, меѓу кои и интернет фаворитот, Трајче Георгиев кој ја воодушеви српската публика и жири со песните од Бруно Марс, Бијонсе и Влатко Лозаноски, а за кого веќе пишувавме. Во следните емисии на Сител, ќе го видиме и Трајче како дел од натпреварувачите токму со овие песни со кои се пласираше во понатамошното натпреварување.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …