Почетна / Филм / Среда на ТВ 24 со биографската комедија за „Чарли Чаплин“

Среда на ТВ 24 со биографската комедија за „Чарли Чаплин“

Чаплин е американски биографска комедија-драма од 1992 година за животот на легендата на немиот филм – Чарли Чаплин. 22.30 часот, среда, 23 ноември, телевизија 24.

Продуцент и режисер е Ричард Атенборо, а главните улоги ги толкуваат Роберт Дауни Џуниор, Мариса Томеи, Ден Ајкројд, Пенелопе Ен Милер и Кевин Клајн. На него се појавува и вистинската ќерка на Чарли Чаплин, Џералдин Чаплин, во улогата на мајката на Чарли, Хана Чаплин.

Филмот е адаптација на делата Чаплин од 1964 година „Мојата автобиографија“ и од книгата Чаплин: Неговиот живот и уметност од 1985 година на филмскиот критичар Дејвид Робинсон. Филмот го следи животниот пат на Чаплин од неговото детство, патот кон успехот во немиот филм и последните години на прогонство во Швајцарија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

4 септември, Телма | Документарец за најсуровиот затвор во Ел Салвадор

Продукцијата на филмот доби ексклузивен пристап до најголемиот и најтешкиот затвор во светот во Ел …

error: Содржината е заштитена!