Почетна / Живот / Скопје ќе остане без легендарниот замок

Скопје ќе остане без легендарниот замок

 

Скопскиот замок, куќата за којашто се слушна надалеку, засолништето на духови наскоро ќе се урне, наводно изјавил сопственикот Крсто Велјановски.

„Тоа се големи невистини. Слушнав дека фаќале духови и многу шпекулации поврзани со тоа, но јас тврдам дека во неа нема ништо. Планирам за кусо време да ја урнам бидејќи на нејзино место ќе се гради нов објект“, изјави Велјановски за Вест.

 

 

Сепак, од општина Кисела Вода велат дека засега немаат никакви информации, и оти не можат да стапат во контакт со сопственикот. Поради тоа сеуште не може официјално да се потврди дека Скопје ќе остане без легендарниот замок кој е изграден уште во 1921. година кадешто живеело семејство што подоцна се преселило во Црна Гора.

Легендата вели дека семејството го сочинувале маж, сопруга, две ќерки и син. Тие биле особено богати. Но, токму кога се преселиле во оваа куќа почнале да им се случуваат несреќи. Имено, едно од девојчињата на 15-годишна возраст починало откако паднало од коњ во близина на куќата. Веднаш потоа другата ќерка се удавила полнејќи вода од бунарот, а момчето починало од непозната болест. Потресената мајка се обесила, а таткото се самоубил од болка по своето семејство.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излезе е-збирка поезија „Дланковод“ на „Контекст – Струмица“

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, со членовите …