Почетна / Забава / Северина во Скопје – не смеете да пропуштите!

Северина во Скопје – не смеете да пропуштите!

 

Бајка во четири чина раскажана низ хитовите на Северина. Шоу кое не смеете да го пропуштите. На 13-ти aприл, Северина во арената „Борис Трајковски“ ве повикува на одлична забава која долго ќе ја паметите.
 
Емоции и добри песни ветуваат од тимот на Северина. Концертот е замислен како продолжување на „бајката од студиото“ и е концептиран како контраст помеѓу доброто и злото, светлината и темнината. Северина веќе работи на пробите за концертот во Љубљана и Ријека и нестрпливо го чека датумот за дружење со македонската публика која и оставила силен впечаток на претходниот концерт. Публиката на овој концерт ќе присуствува и на претстава и на концерт, спој од повеќе вида на уметности преку кои Северина ќе ви овозможи незаборавни мигови.

Гуливер со секоја купена влезница за нејзиниот концерт ви го подарува и новиот албум „Добродошао у клуб“. Запомнете на 13-ти април сите патишта водат во арената „Борис Трајковски“. Бидете дел од шоуто за кое ќе се зборува. Билетите се веќе пуштени во продажба во продажните места: Т.А. „Гуливер“, „Југотон“-ГТЦ, „Камарад“-Рамстор, Цвеќара „Розе“ – Веро2, Куглана – С.Ц. „Борис Трајковски“ и „Тобако шоп“ – Сити Мол.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!