Почетна / Серии / Светска премиера кај нас!

Светска премиера кај нас!

 

 

AXN Македонија ја најавува светската премиера на новата ABC драма
“Missing” на 15-ти март во 22:00 часот

 

Исчезнат

Бека Винстон (Ешли Џуд) дознава дека нејзиниот син, Мајкл, исчезнува додека учи во туѓина, и започнува трка со времето кога патува до Европа во мисија да го пронајде. Егзотичните локации и возбудливите пресврти ќе ви го задржат вниманието во “Missing”.

Колку далеку може да отидете за да го спасите единственото нешто кое ви останало на светот? На осум-годишна возраст, Мајкл гледа како неговиот татко, агентот на ЦИА Пол Винстон е убиен. Сега, 10 години подоцна, жената на Пол, Бека, е соочена со реалноста дека нејзиниот син е пораснат. Кога Мајкл добива прилика да учи на друг континент, мајка му одбива да се согласи дека е време да го пушти. Само неколку недели по доаѓањето во Европа, Мајкл исчезнува, а Бека веднаш се фаќа за работа. Кога таа доаѓа во Рим, започнува да ги става работите на место и да наоѓа траги за можното место на кое се наоѓа нејзиниот син. Не поминува долг период кога веќе и самите киднапери сфаќаат дека си имаат работа со погрешна жена. Самата Бега Винстон има тајна – пред смртта на Пол, и таа била смртоносен агент на ЦИА. Но ако таа сака да си го најде синот жив, ќе мора да се потпре на своите стари пријатели и да си ги отвори старите рани. Нејзината снаодливост, вештина и решителност ќе бидат ставени на тест – но мајчината љубов не позната граници.

 

Во главните улоги: Ashley Judd, Sean Bean, Cliff Curtis, Adriano Giannini, Nick Eversman, Tereza Voriskova
Сценарист: Gregory Poirier
Продуценти: Gina Matthews, Grant Scharbo, Steve Shill, James Parriott
Режисер: Grant Scharbo

 

 

 

 Losteech | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …