Почетна / Филм / Трилер со Форест Витакер и акција со Мел Гибсон вечерва на Сител

Трилер со Форест Витакер и акција со Мел Гибсон вечерва на Сител

 

Трилер драмата “Diary of a Hitman” вечерва на Сител

 

Недела вечер, веднаш по “Добриот термин”, термин резервиран за трилер филм на Сител. Во 21 часот, денес ќе се емитува “Дневникот на убиецот” (Diary of a hitman), филм од 1991 година во кој настапуваат Форест Витакер и Шерил Фен во главните улоги.

 

 

Платен убиец подготвен да заврши со валканиот бизнис, добива последна задача – да ги убие жената и детето на неговиот садистички клиент. Но, задачата е многу потешка од неговите очекувања. Колку повеќе време ќе му треба за да се реши да ја убие Џени, толку повеќе работата ќе се комплицира за Дерек.

 

 

Веднаш, пак, по последниот Дненвик на Сител, по 23 часот ќе се емитува “Ер Америка” (Air America), американски филм, во режија на Роџер Спотисвуд. Главните улоги ги толкуваат: Мел Гибсон, Роберт Дауни Џуниор, Ненси Тревис и Кен Џенкинс.

 

 

Младиот пилот Џексон со морални дилеми се вработува во авио-компанија која шверцува опиум и оружје. Имено, ЦИА формирала авио-компанија, наречена “Ер Америка”, која од Лаос испорачува оружје за американските војници во Виетнам, но му помага и на локалното население во снабдувањето со храна. Истовремено, компанијата заработува така што шверцува опиум.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!