Почетна / Серии / Теленовели / Репризи на турски серии од понеделник на Сител

Репризи на турски серии од понеделник на Сител

 

“Бурни времиња” и “Карадај” репризно на Сител од понедленик

 

Од понеделник на Сител телевизија настануваат нови промени во програмската шема на телевизијата која од крајот на мај воведува одредени промени постојано во термините кај нејзините серии. Индиската серија “Малечката невеста” ќе се емитува два пати дневно, една епизода во 10:30 часот наутро, а другата во стандардниот термин од 17:45 часот. И во вечерните серии настануваат некои промени откако серијата “Карадај” оди на пауза.

 Но тоа не значи дека од понеделник нема да се дружите повторно со вашите јунаци од “Карадај”. Серијата започнува да се емитува репризно и тоа од првата епизода. “Карадај” е една од најгледаните серии во Турција за 2013 и 2014 година, а одлични резултати во гледаноста бележи и кај нас. Потрагата на Махир по правда во судскиот систем и љубовта кон судијката Фериде која треба да му суди на неговиот татко ќе ги пратите повторно од понеделник, репризно на Сител телевизија.

 

Она што исто така започнува од понеделник е и серијата “Бурни времиња” и тоа од самиот почеток, од првата епизода повторно на Сител. Гледачите ќе може да се потсетат на приказната за Осман и неговото несреќно детство, да се потсетат на приказната на капетанот Али, неговата жена Џемиле, неговата љубовница Каролин и неговите деца. Целата бура постигна голем успех секаде каде што се прикажуваше, па така и во Македонија. Репризата на турската серија “Бурни времиња” ќе се емитува од понеделник во 11 часот претпладне.

И она што започнува ова лето на Сител телевизија е американската серија “Борџии”. “The Borgias” e мини серија во 29 епизоди, креирана од Нил Џордан. Серијата е базирана врз факти од животот на познатото семејство Борџија, италијанска династија со шпанско потекло. Дејствието се врти околу ново избраниот папа Александер 6-ти и неговата специфична фамилија.

Како папата Александер ќе го видиме актерот Џереми Ајронс, а во другите улоги настапуваат: David Oakes, François Arnaud, Holliday Grainger и Aidan Alexander како Juan, Cesare, Lucrezia и Gioffre Borgia.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се разоткрие ли убиството кое донесе „Подарено срце“?

И вечерва на Сител, нова епизода од љубовната драма за едно “Подарено срце”. Приказната за …