Почетна / Серии / Семејната серија “Диви во срцето” започна на МТВ 1

Семејната серија “Диви во срцето” започна на МТВ 1

 

Семејната серија за животот на едно семејство на црниот континент, секој работен ден на МТВ 1

 

Од понеделник до петок, на првиот канал на Македонската телевизија може да ја пратите британската семејна драма “Диви во срцето”.  Дневно ќе се емитуваат по две епизоди со почеток од 17:40 часот. Репризите се по 02 часот по полноќ. Серијата е снимена во 65 епизоди од 2006 до 2012 година, режијата е на Сила Веар, Дејвид Еван и Најџел Даглас, а главните улоги ги толкуваат Аманда Холден, Стивен Томкинсон, Луси Џо Хадсон.

 

 

 Содржина:

Оваа британска серија ја раскажува приказната за животот на ветеринарот Дени Треванион и неговото ново семејство, кои што во еден африкански резерват се обидуваат да најдат работа во областа на туризмот и таму да отпочнат нов живот.
Неговата ќерка, тинејџерката Рози, не може да ја преболи смртта на мајка и, и е гневна на својот татко кој повторно се оженил. Од друга страна пак, неговата млада жена Сара ги донела своите две деца во новиот дом, кои исто така не можат да го прифатат Дени и новонастанатите услови за живот. Едно мајмунче кое што случајно доаѓа во амбулантата на ветеринарот Дени, е ,,главниот виновник” за патувањето на семејството во Африка. Пристигнувањето на семејството од Англија во Африка и животот во тамошните услови, засекогаш ќе им ги смени животот на Дени и Сара кои по секоја цена сакаат да го задржат бракот и децата заедно. Дени размислува дали била добра идејата за нивната преселба и дали воопшто било добро да се вложуваат пари во работа, за која немале никакви познавања. Откако сфаќаат како Африка влијае на нив, Сара го наговара Дени да ја прифатат необичната понуда од страна на Африканецот Ду Плеси. Убавините на Африка го поттикнуваат Дени да почне да го развива туризмот, да поканува гости и да организира сафари, а сето ова ќе допринесе да ги надмине проблемите во семејството и да “заплови” со сопругата и децата во африканската идилична атмосфера.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!