Почетна / Сапуници / Раскинаа Ибрахим Паша и Хатиџе Султан!

Раскинаа Ибрахим Паша и Хатиџе Султан!

Врската помеѓу Ибрахим Паша и Хатиџе Султан во историската приказна не е многу стабилна, а ако фановите се тешеа дека на ѕвездите од серијата „Величествениот“ барем во приватниот живот им оди добро во љубовта, сега ни тоа го нема. Актерката Селма Ергенч по тримесечна врска му раскина на Окан Јалабик, јавува турскиот весник „Хаберлер“.

За нивната љубов што се роди на сетот на популарната турска серија веќе пишувавме, тие ја криеја романсата се додека папараците не ги уловија како шетаат прегрнати по истанбулските улици.

 

 

„Работата и љубовта не одат едно со друго, а тоа се докажа и кај овие двајца. Селма е премногу љубоморна, додека Окан е навлечен на излегување и на ноќни забави, па беше само прашање на време кога ќе ја раскинат и онака кревката врска. До неа стигнаа гласините дека Јалабик по ноќните клубови постојано бркал девојки под влијание на алкохол и правел работи кои не би требало. На крајот тоа беше пресудно за нивната врска“, изјавува блиска пријателка на Селма.

Врската ја раскинале така што Селма го исфрлила Окан од својата куќа и му рекла да не се враќа повеќе!

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Санем од „Романтичарот“ : Џан е полн со вредности и го сакам многу

По Џан Јаман, и Демет Оздемир ја посети Италија, каде со голем успех се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!