Почетна / Сапуници / По шест години, Сител престана со емитување на „Малечката невеста“

По шест години, Сител престана со емитување на „Малечката невеста“

 

Малечката невеста (23.10.2010 – 3.05.2016)

 

По скоро шест години емитување на индиската сапуница “Малечката невеста”, Сител телевизија реши да ја прекине серијата. Оваа седмица, серијата е тргната од програмата на телевизијата на која досега беа емитувани околу 1700 епизоди. Пред неколку месеци скоро сите телевизии во регионот ја укинаа Невестата поради немање на заинтересираност повеќе кај народот да ја пратат приказната без крај.

 

 

Инаку во Индија серијата се уште се снима и емитува, а има надминато над 2200 епизоди и се смета за најдолга серија во историјата на индиската продукција. За оние кои сакаат да знаат што се случува понатаму во серијата, накратко откриваме дека главните ликови Ананди и Шив умираат, а серијата продолжува да го прати животот на ќерката на Ананди, која ја доживува истата судбина како и нејзината мајка, односно станува малечка невеста.

 

Нандини, ќерката на Ананди која понатаму станува новата “маклечка невеста”

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува епохалната хит драма „Далеку од дома“ на Сител

Oд понеделник (7 октомври), на Сител телевизија продолжува со емитување историската воена драма “Далеку од …