Почетна / Забава / По успешната турнеја, Јордан Митев работи на својата нова песна

По успешната турнеја, Јордан Митев работи на својата нова песна

 

По успешната турнеја во Австралија и огромната посетеност на концертите одржани во сите тамошни поголеми градови, Јордан Митев продолжува со несмалено темпо на работа и на домашен терен. Имено, деновиве Јордан е во студио каде интензивно работи на новата песна што премиерно ќе ја отпее на фестивалот “Роса”, кој ќе се одржи следната недела. Станува збор за, како и повеќе негови композиции, негово комплетно авторско дело, кои исто така ќе се најде на албумот што Јордан на домашната јавност ќе и го претстави некаде околу новогодишните празници.

 

 

Токму нив, односно новогодишната ноќ, Митев ќе ја помине со настап во охридскиот хотел “Престол”, па вели:

“Како што почна оваа 2015-та година во Охрид, така и ќе заврши”, вели Митев. И тоа не е се… токму за периодот околу празниците Јордан подготвува и едно убаво изненадување за своите фанови и љубители на убавата македонска фолк музика, а ќе има и две гостувања надвор од земјава кои ќе бидат заокружување на исклучително успешната работна година на Митев, кој освен со концерти, својот 10 годишен јубулеј го одбележува и со нов албум, но и со солистички концерт што се одржа во Домот на АРМ во Скопје.

Што се однесува до гостувањата, едното гостување му е во Швајцарија, додека пак другото, на кое особено му се радува бидејќи му е прво е во соседството, односно во Егејскиот дел на Македонија. Само колку да потсетување, неговиот албум носи наслов “Моја кралице”, како и една од песните која јавноста веќе имаше можност да ја чуе, а за која сними и спот. Непосредно пред заминувањето во Австралија промовираше уште една песна со наслов “Ритамот на љубовта”, повторно негово комплетно авторско дело.

Доколку досега не сте имале можност да ја слушнете оваа негова песна, во продолжение Ви предлагаме да ја преслушате и да уживате во наредните неколку минути.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!