Почетна / Живот / Послатко од ова не може – се врати „Шефот на слаткарницата“

Послатко од ова не може – се врати „Шефот на слаткарницата“

 

Семејно шоу за слаткарската уметност – секоја среда на TLC

 

Хит серијалот Шефот на слаткарницата (Cake Boss) кој го следи светски познатиот слаткар Бади Валастро и неговото семејство, кои заедно работат во слаткарницата Carlo’s Bakery, повторно се врати на TLC од средата во 21 часот. Бади сака да остане верен на своите корени и семејство. Без оглед на предизвиците и тешките ситуации, семејството Валастро докажува дека семејството кое заедно пече торти-останува заедно.

 

 

Бади и неговиот тим на слаткари, во кој се неговите четири сестри, два зета, и главата на семејството-неговата мајка, приготвуваат некои од најубавите торти до сега. Во секоја епизода, гледачите ќе можат да ги следат возбудливите нови проекти, за сè поголеми клиенти и некои од најлудите торти до сега,  што ни навестува дека може да избие некоја драма.

 

 

Со порастот на одговорностите тимот чувствува притисок да се задоволат меѓународните  купувачи, ѕвезди и познати личности од целиот свет. Како еден од најпознатите слаткарски уметници во САД, Бади продолжува да го остварува сонот на неговиот покоен татко-да ја направи слаткарницата светски позната.

 

 

Како популарноста на слаткарницата расте, така Бади се фаќа во костец со новите предизвици во слаткарницата, но и во домот. По 50 години постоење на слаткарницата и милиони купувачи, семејството Валастро се присетува на многубројните среќни моменти додека ја реновираат слаткарницата, откривајќи порака за Бади од неговиот татко. Но, и покрај зафатите за реновирање на слаткарницата, тортите мора да продолжат да се печат.

 

 

Бади и неговиот тим се задолжени да смислат како да ги направат некои од најлудите торти во светот, Вклучувајќи и торта прекриена со месо поради која тимот мора да посети месар, како и голаторта која го наведува Бади да размислува за новиот контроверзен тренд. Тимот се припрема за некои од најголемите празници, вклучувајќи го и Денот на вљубените и св.Патрик, паралелно балансирајќи ги и потребите на членовите на семејството. Од роденденската торта за неговиот син, до комеморативна торта за 100 роденден на Френк Синатра, Бади и неговиот тим имаат полни раце работа.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот …