Почетна / Телевизија / Подгответе се за нов македонски филм!

Подгответе се за нов македонски филм!

Во четврток ќе почне снимањето на новиот филм на Столе Попов “До Балчак – Приказната од Дивиот Исток” и тоа во демирхисарското село Света. “Триангл филм” на медиумите исто така им најави дека снимањето на филмот ќе трае десет недели и ќе се одвива во околината на Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип, Битола и на Прилеп, известува дневниот весник “Дневник”.

 

 

Столе Попов, кој снима филм по 15 години пауза, вели дека се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: “Ебати животот ако не си спремен да умреш за него”.

Продукцијата најави дека во Света има комплетно изграден филмски сет за потребите на филмот и ќе претставува железничка станица – контролен пункт во Отоманската Империја. Владата целосно го поддржа филмот и е квалификуван како проект од национален интерес. Сценариото е на Горан Стефановски, а продукцијата на “Сектор филм”, “Fx3x” и МТВ. Директор на фотографија е Апостол Трпески.

 

Станува збор за сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат “до балчак”.

 

 

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Сашко Kоцев и Мартин Јордановски. Играат: Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Kојо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Kостовска, Владо Јовановски, Kамка Тоциновски и други.

 

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драган Николовски застанува на чело на уредништвото на МРТ 1

Со апсолутно мнозинство, програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија на седница одржана на ден 14.10.2024 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!