Почетна / Забава / Евровизија / Подгответе се, „Евровизијата“ започнува!

Подгответе се, „Евровизијата“ започнува!

Педесет и седмото издание на најголемиот европски фестивал „Евровизија“ започнува вечерва. Оваа година се натпреваруваат вкупно 42 земји. Во Арената која е со капацитет од 23.000 посетители, се очекува да влезат 16.000 евровизиски фанови. Шоуто ќе го следат повеќе од 125 милиони гледачи. Нашата Калиопи ќе пее на втората полуфинална вечер како втора по ред. Во двете полуфинални вечери за влез во финалето ќе се борат следните земји:

Прво полуфинале

Албанија, Австрија, Белгија, Кипар, Данска, Финска, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Латвија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Русија, Сан Марино и Швајцарија.

Второ полуфинале

Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Естонија, Македонија, Грузија, Литванија, Малта, Норвешка, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шведска, Холандија, Турција и Украина.

 


Калиопи пееше и на азербејџански јазик

 

Она што се издвојува како особено интересна техничка можност, е тоа што Азербејџанците годинава на надворешноста на „Кристалната арена“ ќе ги менуваат боите соодветно со оние на знамето на државата која ќе настапува во тој момент. На пример, додека настапува Калиопи „Кристалната арена“ ќе свети во црвена и жолта боја. На следните фотографии можете да погледнете како тоа ќе изгледа додека настапуваат Латвија и Романија.

 

Латвија

 

Романија

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …

error: Содржината е заштитена!