Почетна / Телевизија / Погледнете што ќе понуди Алфа телевизија оваа сезона

Погледнете што ќе понуди Алфа телевизија оваа сезона

 

Нови емисии на Алфа, меѓу нив и македонско музичко шоу

 

Оваа сезона, Алфа телевизија се потруди на гледачите да им понуди многу нови емисии од македонска продукција. Едни од новитетите се квизот “Круг на знаење” и забавно контактната емисија “Се во едно”. Двете емисии се емитуваат секој работен ден во попладневните часови. Во недела се емитува новата сезона на “Во недела попладне” со Ненад и Марјана, а пак за љубителите на фолк и турбо фолк музиката во сабота во 15:30 часот се емитува “Чаша љубов” со Сани. Тука е и македонската “Жешка кујна”, контактната емисија “Збор по збор” и “Најсмешните видео инсерти”.

Освен овие емисии, од среда на Алфа во 12.30 часот ќе се емитува “Алфа ординација”. “Алфа ординација” е контактна емисија посветена на здравјето и на здравиот живот која ќе се прикажува од понеделник до петок. 

 

 
Во емисијата гледачите ќе имаат можност да разговараат со водителите и нивните гости и да побараат и добијат совети од врвни здравствени работници.

Наскоро започнува и македонско музичко реално шоу. Сите кои сакаат да бидат дел од шоуто “На иста адреса”, може да се пријават на меил адресата : prijava@naistaadresa.mk

 

 

Како што веќе објавивме, Алфа снима и своја документарна серија и играна хумористична серија “Цимери”, за чие започнување навремено ќе ве известиме. 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …