Почетна / Сапуници / Фото | Како од мајка роден, актерот од „Руби“ упати моќна порака

Фото | Како од мајка роден, актерот од „Руби“ упати моќна порака

Латиноамериканскиот актер Себастијан Рули ги изненади своите фанови, позирајќи целосно гол.

Ѕвездата на “Руби”, своевремено го гледавме и во мексиканските серии “Тереса”, “Украдена љубов”, “Посилни од судбината” и “Вљубени и злобни”, но неговите најнови фотографии откриваат порака што се однесува на заштита на планетата Земја и е упатена кон несовесните луѓе.

Најпрвин се шегува со фановите, тврдејќи дека ќе им ги открие интимните делови ако добие милион лајкови.

Откако доби милион лајкови, тој навистина ги крена рацете на следната фотографија, но тогаш ги покри своите гениталии.

Ги покажав дланките, но ако не можете да видите повеќе, тоа е заради ѓубрето. Се надевам дека оваа фотографија ќе достигне до еден милион луѓе кои ќе сфатат дека е срам што сметот продолжува да се натрупува на плажите и да расипува многу работи, вклучувајќи ја и оваа фотографија. Да немаше толку ѓубре, оваа плажа би била рај.

Овој свет би бил поинакво место. Штета што сме неодговорни како општество и секогаш барајќи ја вината кај другите Не фрлајте ѓубре, не користете толку многу пластика. Исчистете ги плажите, да направиме што можеме повеќе да престане ова лудило , што ќе помогне да се подигне свеста за важноста на заштитата на нашата околина, нашата планета. Благодарам за вашите лајкови и коментари, но ќе бидам уште повеќе благодарен ако ја проширите оваа порака “, напиша актерот на фотографијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!