Почетна / Забава / Пејачката Мајли Сајрус – изневерена!

Пејачката Мајли Сајрус – изневерена!

 

Познатата американска актерка и пејачка, Miley Cyrus, која деновиве е актуелна со провокативниот видео спот за нумерата Wrecking Ball, можеби се задоби со над 120 милиони гледачи на Youtube, но остана со скршено срце.

 

 

Нејзиното веќе екс момче, згодниот австралиски актер Лијам Хемсфорт, беше фатен со друга девојка од страна на папараците на една забава, ни помалку ни повеќе туку во градот на гревовите, Лас Вегас.

 

 

На само ден откако светот дозна дека Лијам ја оставил Мајли, синоокиот актер беше виден во прегратка на мексиканската актерка Еиса Гонзалез, која е актуелна како хероина во теленовелата „Вистинска Љубов“. Лијам и Еиса кој страсно се бакнувале и држеле за рака цела вечер, го напуштиле клубот во Лас Вегас во два часот по полноќ, за веќе следниот ден да престане да ја ‘следи’ својата екс Мајли на социјалната мрежа твитер. Дали Мајли е бесна и руши ѕидови како во својот спот поради тоа што Лијам брзо ја замени за друга убавица, или што истиот престана да ја следи на твитер, останува да видиме во иднина.

 

 

Во меѓувреме, погледнето го видеото на Мајли кое крена голема прашина поради што таа во истото се појавува сосема гола.

 

 

 

 

Јовица | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!