Почетна / Телевизија / Големиот брат / Официјално – коj се влегува во „Големиот брат“

Официјално – коj се влегува во „Големиот брат“

 

За еден час и десетина минути во куќата на Големиот брат се вселуваат ВИП личности, кои ќе се борат за награда од 50.000 евра. Веќе се знае дека пејачката Маја Николиќ земала учество во куќата, а истата е позната по скандалозните изјави во реалните шоуа како „Фарма“ и „Двор“. Тука е и Сораја Вучелиќ, која беше учесник и во минатата сезона на регионалниот „Big Brother“. Друштво ќе им прави Ава Карабатиќ, која учествуваше во „Survivor“, а тука се и Весна да Винча, сопственик на компанијата „Miss Yu“. Македонката Анета Наковска, водителката Маја Волк, близнаците Жарко и Жељко Стојановиќ кои учествуваа во едно француско реално шоу, Сејо Калаќ, Милиќ Вуксановиќ, Драгутин Топиќ и Бобан Станојевиќ.

 

 

Она што сеуште не е откриено е бројката на учесници кои ќе влезат во куќата на Големиот брат, а се шпекулира дека ќе бидат од 12 до 15 учесници. Оваа сезона на „Големиот брат“ ќе се емитува на Сител во Македонија, на Б92 во Србија и на РТЛ во Хрватска. Водители на шоуто ќе бидат Ана Михајловска и Маријана Мичиќ. За сите останати детали следете не преку македонската Фејсбук страница Големиот Брат ВИП.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …