Почетна / Телевизија / Откриена е мистеријата со четворката!

Откриена е мистеријата со четворката!

 

Сите се прашуваа што се крие зад мистериозните најави со слоган УСПЕХ („4 успешни жени“ и „4 успешни мажи“) коишто деновиве течеа низ медиумите. Многумина помислија дека се работи за промоција на нова емисија, но тие всушност биле дел од кампањата на еден веќе постоечки и успешен телевизиски проект.

 

 

Имено, тимот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ на интересен и мошне оригинален начин ги заокружи четирите години од постоењето на својот проект. Бекстејџовци секоја година изненадуваа со роденденските кампањи, но овој пат навистина се надминаа. На постерите се појавија речиси сите ликови коишто некогаш беа или сеуште се дел од „Бекстејџ“.

На фотографијата подолу, во левиот горен агол ги гледаме оние коишто веќе не се дел од екипата, но со своите специфични карактери оставија голем белег во истата. Веднаш до нив, од десно, е техничкиот тим. Снимателите коишто низ објективот на камерата го видоа светот, шминкерката којашто прави чуда, и секако младиот монтажер. Под нив се актуелните и препознатливи ликови на магазинот: Јулија Цветковска, Марија Петровска, Драгана Чуприна, Андреј Клинчаров, Габриела Додевска и Снеже Велков.

Што мислите за идејата?

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шеф Никола од „Брза кујна“ со весела свадбена журка

35-годишниот шеф Никола од кулинарското гејм шоу „Брза кујна“ изминатиов викенд направи журка за неговата …