Почетна / Живот / Опра го претставува проектот на нејзиното срце – „Верувања“

Опра го претставува проектот на нејзиното срце – „Верувања“

 

Документарниот серијал кој ги истражува верувањата низ светот ќе се прикажува на каналите на мрежата на „Дискавери“ во повеќе од 220 земји. Кај нас започнува на 4 јануари во 20 часот на „ТЛЦ“. Серијал кој наместо разликите се обидува да ги пронајде сличностите и обединувачките елементи во било која религија или верување. 

 


 

Во овој револуционерен документарен серијал, Опра преку улогата на наратор, ќе ги повика гледачите да сведочат на фасцинантните духовни патувања низ очите на верниците. „Верувања“ ќе ни прикаже како луѓе кои се верници бараат смисла во светот околу себе. Преку живописни, емоционално раскажување и фасцинантни снимки, документарниот серијал ни ги претставува верските и духовните обичаи од целиот свет. Обичаи кои не поврзуваат заедно како човечки суштества.

„Последните три години, мојот тим и јас се обидувавме да ги пронајдеме приказните за вербата, љубовта и предаденоста од целиот свет. Ова е проект на моето срце. Сакав да споделам приказни како овие, приказни кои го одржуваат нашиот свет и ја истражуваат константната потреба на човекот за поврзување со нешто поголемо од нас самите. Мојата намера е да допре серијалот до што поголем број луѓе низ светот и сум воодушевена што ќе можат да го проследат милиони“-изјави Опра Винфри за серијалот.

 


 

Серијалот нè носи на сите четири страни на светот и ги споделува приказните на обичните луѓе од различни вери и уверувања, кои ги поврзува длабока врска за почитување на светот околу нив. Христијанството, хиндуизмот, исламот, атеизмот, јудаизмот, будизмот и другите религии се претставени преку трогателните приказни на луѓето што живеат за својата вера од ден за ден.

 „Верување е потресен, силен лирски серијал со теми кои се култни, универзални и важни. Возбудена сум за можноста за соработка со Опра Винфри мрежата за да ја емитираме серијата ширум светот. Ова е единствена прилика да на светско ниво се претстават новите содржини кои се под водство на Опра, како и за гледачите низ целиот свет за да се обединат и создадат живописни дијалози во своите заедници.“ изјави Мерџори Каплан, претседател за глобални содржини на „Дискавери Нетворкс“.

 


 

 Серијалот „Верувања“ го бара потеклото на различните вери. Епско и интимно прикажување на испреплетените приказни на луѓето кои тргнале на духовен пат на светите места. Христијанскиот аџилак, најголемото собирање на верници во Индија на брегот на реката Ганг како и шаолинските свештеници… Ќе запознаеме и алпинист кој верува дека не постои виша сила, туку само моментално постоење и затоа не користи јажиња кога се искачува, церемонии од минатото во кои современата жена се обидува да пронајде лек со помош на древни третмани, тишината на ноќта и проучувањето на ѕвездите по која се води една култура стара веќе 50.000 години , судница и затвор каде мајката решава за судбината на убиецот на нејзиниот син.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АВМУ со реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран …