Почетна / Живот / Битолскиот Музеј промовира десет видеа на знаковен јазик

Битолскиот Музеј промовира десет видеа на знаковен јазик

Завод и Музеј-Битола промовира 10 нови видеозаписи на знаковен јазик од постојаната поставка на таа национална установа. Станува збор за проект со наслов „Ние во Музеј“, поддржан од Министерството за култура.

Новите десет видеа со знаковен јазик се од големо значење, а тоа го констатираа и присутните ученици и професор од Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“-Битола, дефектолози од Куманово и од Скопје, како и лица со оштетен слух од Битола кои ја следеа промоцијата на проектот раководен од д-р Ирена Ружин, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола. Во видеоматеријалите интерпретатор на знаковен јазик e Катерина Шаркоска, а наратор Силвана Петрова Насух. Проектот го координираше м-р Јове Парговски, потврдија од НУ Завод и Музеј-Битола.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Естонија воведува вештачка интелигенција во училиштата

Естонската влада соработува со компанијата за вештачка интелигенција со седиште во Калифорнија Open AI за …

error: Содржината е заштитена!