Почетна / Сапуници / Од утре нова индиска серија

Од утре нова индиска серија

 

 

Телевизија Сител од понеделник во 9.10 часот ќе започне со емитување на нова индиска теленовела, којашто ќе ја замени тукушто укинатата латино-американска теленовела “Триумф на љубовта”, која со емитување ќе продолжи во прајм-тајм терминот 19.00 часот на Тројка (Сител 3)

 

 

“Слушни ја мојата судбина” е индиска теленовела, од продукцијата на Balaji Telefilms, а се прикажуваше на NDTV Imagine од 19-ти јануари 2009-та година до 25-ти септември 2009-та година. Серијата доживеа и втора сезона, која не е продолжение на првата, туку сосема различна приказна со истите глумци и истите имиња на ликовите. Насловната нумера “Kitani Mohabbat Hai” ја исполнуваат Aishwarya Nigam и Manjera Ganguly.

Арџун Паџ е богат бизнисмен кој се вљубува во Арохи, скромна девојка од мало индиско село која сонува да стане пејачка. Нивните светови ќе се спојат кога Арохи добива работа во компанијата на Арџун. Тој ги мрази жените затоа што неговата мајка го оставила татко му, но откако ја запознава Арохи сфаќа дека она е сосема спротивно од неговото мислење за жените. По неколку препирања, Арџун и Арохи започнуваат романса. Нивната љубов не ја дозволува таткото на Арџун кој не сака неговиот син да се ожени со сиромашната девојка и прави сплетки за да ги раздели, па затоа Арохи заминува во Мумбај, градот на нејзините соништа. Таму го запознава пејачот Каран кој ја прави позната индиска пејачка. По некое време, Арохи решава да се омажи за пејачот, но тогаш во градот доаѓа и Арџун кој се откажал од богатството на татко му поради љубовта кон Арохи. На венчавката тој доаѓа да ја киднапира Арохи и да зборува со нејзиниот татко, но се случува голема трагедија кога таткото на Арохи паѓа од терасата и умира. За тоа е обвинет Арџун кој оди во затвор, а свадбата на Арохи е запрена. Единствен доказ кој може да го спаси Арџун од бесилка е видеолентата од свадбата на Арохи.

Главни улоги: Karan Kundra (Арџун), Kritika Kamra (Арохи)

 

 

 

 

Beauty | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Капетан Џевдет ја најавува новата сезона на историскиот спектакл

Од понеделник, како што веќе пишувавме, започнуваат новите и последни епизоди од костимираната трагедија “Далеку …