Почетна / Телевизија / Ново ток шоу со Сузана Турунџиева на Наша ТВ

Ново ток шоу со Сузана Турунџиева на Наша ТВ

 

Секој понеделник и четврток во 22:30 часот во живо на Наша ТВ се емитува „Трета смена“, новото ток шоу на Сузана Турунџиева. Секоја емисија има различна тема на дебата, во која се вклучени стручни лица, лица од јавниот живот, како и гледачите кои телефонски сакаат да зборуваат за темата. Се работи за теми за кои луѓето сакаат да зборуваат, но не секогаш имаат храброст гласно да проговорат, теми поврзани со граѓанските права, желби и амбиции, теми поврзани за болки и страдања. Доколку гледачите сакаат да се вклучат во емисиите на Сузе, тоа може да го направат на телефонските броеви (02) 5 11 89 80 и (02) 5 11 89 81.

 

 

Освен оваа емисија, на програмата на Наша ТВ се емитува и уште една емисија чиј водител е Сузана. Се работи за детската емисија „Ѕвезди и приказни“ која се емитува секојдневно во повеќе термини и каде што Сузана заедно со повеќе дечиња, родители и психолози зборува за секојдневни детски теми и игри. На Наша ТВ свои емисии имаат и други водители од поранешната А1 телевизија, па така во вторник и петок во 22:30 часот се емитува емисијата „Не бери гајле“ со Жанко, а во сабота во 9 часот наутро гледачите повторно се дружат со емисијата „Патот на светлината“ со Драгица Стевковска.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …