Почетна / Сапуници / Ново | „Девојката со црвена марама“

Ново | „Девојката со црвена марама“

 

ДЕВОЈКАТА СО ЦРВЕНА МАРАМА
од понеделник на Алсат-М

 

 

„Девојката со црвена марама“ е турска серија која зборува за големата љубов на Асје и Илјаз. Серијата е снимена врз основа на романот на Chinghiz Aitmatov и истоимен филм од 1978. година.

Девојката со црвена марама се вика Асје, млада и весела девојка која се противи на одлуката на своето конзервативно семејство да ја омажат за човек што не го познава. Додека нејзините мајка, татко, браќа, сестрата и зетот се опседнати со договорениот брак, Асје сонува за вистинска љубов од бајките која ќе се роди во планинските предели во селото каде живее. И еден ден во преубавите зелени полиња, Ајсе го запознава убавиот Илјаз. Неговото семејство живее во селцето, а тој е дојден тука за да учествува на трка со мотори. Најголема страст му се моторите и трките, но неговиот строг татко упорно го убедува да не го прави тоа затоа што брат му загинал во несреќа со мотор. Меѓу Илјаз и Ајсе се раѓа голема љубов, но тешко ќе може да се оствари поради притисокот од конзервативните семејства. Но, кога во својот живот губи сè, Асје наоѓа утеха во Чемсит.

Улоги: Seçkin Özdemir (Илјаз), Özge Özpirinçci (Асје), Barış Falay (Чемсит), Gözde Kansu (Хелин)

 

промото е на албански јазик

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиера, репризи од турска серија за викенд навечер на Алфа

Во вечерните ударни термини, Алфа телевизија оваа сезона репризира турскa серија. Па така, секоја сабота …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!