Почетна / Филм / Премиера | Les Miserables / Клетници

Премиера | Les Miserables / Клетници

 

25. декември

 

Клетници
Режија: Том Хупер (The King’s Speech)
Сценарио: Вилијам Николсон (Gladiator; Elizabeth: The Golden Age)
Улоги: Хју Џекмен, Расел Кроу, Ен Хетавеј, Аманда Сејфрајд, Еди Редмејн, Хелена Бонам Картер, Саша Барон Коен
Жанр: драма, мјузикл

Најновата филмска адаптација на романот на Виктор Уго и најпопуларниот мјузикл на сите времиња „Клетници“ (Les Miserables), е под режисерска палка на Оскаровецот, Том Хупер (добитник за Оскар за филмот „Говорот на кралот“ за 2011 година.

Во оваа класика се работи за револуционерната приказна во која поранешниот затвореник Жан Валжан (Хју Џекмен), после одслужувањето на казната во затворот (каде е сместен поради кражба на леб како би ја прехранил својата фамилија), се обидува да си го поврати нормалниот живот и некогашниот углед. Но, приказната се случува за време на Париското востание 1832 година, па Валжан ќе биде заплеткан во последниот обид на рушење на француската монархија. Клетниците пренесуваат порака за битката на обичните луѓе за рамноправноста, моралот и етичното друштво, за идеалите кои ниту денес не се целосно достигнати и остануваат за многумина еднакво далечни и недопирливи како во времето на Париското востание во 19. век.

Филмот е номиниран за четири Златни глобуси, најдобар филм, најдобра песна, најдобра машка главна улога и најдобра женска споредна улога.

 

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!