Почетна / Сапуници / Нова турска серија „Помрачување“ на регионалните телевизии

Нова турска серија „Помрачување“ на регионалните телевизии

 

Втора турска серија на регионалните телевизии

 

Од иднава недела на новите регионални телевизии (А1, О2, К3, Мега, Ултра итн.) на местото на турската серија “Соседство” ќе се емитува нова турска серија – “Помрачување”, надсинхронизирана на македонски јазик. Серијата ќе се дава секој работен ден во 18 часот, а во продолжение ве информираме за содржината:

 

 

Трагедијата на Лејла започнува кога на свет нови две вонбрачни близначки. По породувањето, и е кажано дека едно од девојчињата умрело на породување, а по кратко време, таа е приморана да се откаже и од второто и да го даде на посвојување. Од тогаш, Лејла започнува да живее во очај и тага по изгубените деца, но таа не се откажува од своето посвоено дете и по 23 години се враќа во градот каде започна нејзината трагедија.
Таму, во Истанбул, ја запознава Шебнем, која е всушност една од нејзините ќерки, онаа за која и беше кажано дека умрела на породувањето. Всушност, Шебнем била посвоена од богат бизнисмен, господинот Шевкет. Таа е мила, убава и добродушна девојка. Другата ќерка на Лејла е Ајла, која работи во компанијата на Шевкет како графички дизајнер. За разлика од Шебнем, оваа е амбициозна, гладна за пари и моќ, точно знае што сака да постигне во животот.

 

 

Судбините на двете сестри се испреплетуваат кога ќе се вљубат во ист човек – згодниот Кенан. Но, оној што решава за нивните судбини е господинот Шевкет кој има скроено поинакви планови за двете сестри и тоа е оној кој ја знае вистината за нивното потекло.

Улоги: Naz Elmas, Nilay Cennetkuşu Nur Erkul, Kenan Ece, Mesut Akusta, Ogün Kaptanoğlu, Gamze Süner Atay

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите …