Почетна / Забава / Иван Босиљчиќ: „Помала сала за полесно да допрам до секој посетител“

Иван Босиљчиќ: „Помала сала за полесно да допрам до секој посетител“

 

Денеска во еден скопски ресторан се држа пресконференција по повод концертот на актерот Иван Босиљчиќ којшто ќе настапи на 7-ми март во Универзалната сала во Скопје. Овој концерт на големо задоволство на жените прераснува во традиција, минатата година на истиот датум се одржа првиот концерт на Босиљчиќ од ваков тип. Се работи за музичко поетска вечер насловена како „Пар стихови за нас“. По минатогодишниот настап, кој беше исто така организиран во пресрет на Денот на жената, Босилчиќ повторно ќе се претстави пред македонската публика со перформанс во кој ќе се испреплетуваат стиховите и музиката.

 

Еве што актерот изјави за нас на денешната пресконференција:

– „Минатата година во „Универзална сала“ имав уникатна поетска вечер на која како актер пеев одбрана музика која сите многу добро ја знаеме – музика од ’60те години па се до денес. Тоа е мојот музички вкус, а сигурно ќе се согласите и вкусот на многумина. Покрај тоа, на сцената се преставив со светска и домашна поезија, затоа што поезијата е мојата стара љубов. Тоа е одлична комбинација за ваков прекрасен празник кој во себе го гаи чувството на почит и сакање.“ – вели Босилчиќ.

 

Иван вели дека неговиот концерт не е само осмомартовски поклон за дамите, туку и за сите оние ќе дојдат да го видат.

– „Моите настапи се една претстава, една љубовна приказна искажана низ стиховите и убавите ноти“ – низ смеа раскажува српскиот актер.

 

Иван во Скопје дојде заедно со неговата сопруга Јелена Томашевиќ, која интензивно работи на својот нов албум.

– „Јелена го завршува својот албум, ги снима последните песни кои ги работи во студиото на Дарко Димитров и они се во моментов во студиото и напорно работат додека ние тука се забавуваме и разговораме. Се надевам дека ќе имате прилика да поразговарате и со Јелена за повеќе детали поврзани со нејзиниот нов албум.“ – ни објаснува Иван.

 

На прашањето дали Јелена ќе има свој настап на неговиот концерт, тој одговори дека Томашевиќ повеќе уживала да биде во публика и да го слуша неговиот настап, но истото било и во другата ситуација, односно на сите нејзини настапи Иван уживал да биде во публиката и да го слуша нејзиниот настап.

Тој, како што рече, не сака да настапува во големи сали бидејќи неопходно му е да го види и последниот човек во редот во лице затоа што само така стиховите можат да се кажуваат.

Настапот на Босилчиќ во Универзална сала започнува од 20:30 часот.

 

 

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!