Почетна / МК Сцена / Нова авантура на раперот Тони Зен

Нова авантура на раперот Тони Зен

 

По учеството во „Vip Survivor“ кога ја откривме храбрата и силна страна од неговата лучност како и неговиот авантуристички дух, Тони Зен најавува нова авантура во периодов што следува, овој пат со нов соработник.

„Го сакам адреналинот и возбудливите моменти во животот, затоа почнувам нова авантура преку една нова соработка која ќе биде откриена на отворената забава што ќе се случи наредниот четврток (27. декември) во клубот Social во Скопје“, вели Тони.

 

На забавата тој ќе биде специјален гостин, а освен откривањето на соработката за присутните таа вечер се најавуваат и многу зимски изненадувања. Новата 2013. година освен со нова авантура Тони ќе ја започне и со снимање на два видео записи за темите „Под контрола“ и „Сетила“ кои се наоѓаат на неговиот нов албум „Микроскопски организам“.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тој е секогаш со неа „high“ – погледнете го новиот спот на Иво

Иван Атанасов – Иво е најмладиот ексклузивец на Урбан Рекордс, момчето за кого прв пат …

error: Содржината е заштитена!