Почетна / Серии / Нова серија на Телма за најконтроверзниот стрип на светот „Утопија“

Нова серија на Телма за најконтроверзниот стрип на светот „Утопија“

 

Нова серија на Телма – добитничка на 7 ЕМИ награди

 

Од вечерва, па секоја наредна сабота, Телма ќе ја емитува британската трилер драма “Утопија”. Серијата е снимена во 2013 и 2014 година од Канал 4, а во главните улоги ќе ги гледаме Александра Роуч, Нејтан Стјуарт – Џарет, Адил Актар и Оливер Вулфорд.

 

 

Во средиштето на случувањата е стрипот “Утопија” од 1985 година, околу кој се споменуваат многу митови. Авторот на серијата е Денис Кели кој својот истенчен смисол за хумор и иронија успешно го пренесува во сериозната сфера на утопијата.

 

 

Низ 12 епизоди ќе ја следиме сторијата за неколкумина луѓе кои се поврзани со еден таинствен стрип, чиј автор починал во душевна болница под неразјаснети околности. Неговиот стрип го пратат гласини дека ги предвидел најголемите катастрофи во минатото столетие и дека во себе го крие одговорот за нив. Мистериозната агенција Мрежа тргнува во лов на тие луѓе, обвинувајќи ги за злосторства кои не ги сториле. Обвинетите се приморани да ги напуштат досегашните животи и да станат бегалци, но само една жена, Џесика Хајд ги знае одговорите за сѐ.

 

 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди