Почетна / Телевизија / На настап на Гоца, Мартија ја испеа „Сите девојчиња, мамо, се мажија“

На настап на Гоца, Мартија ја испеа „Сите девојчиња, мамо, се мажија“

 

Мартија отпеа македонска народна песна пред Кавадарчани

 

По успешниот настап во полуфиналето на “Пинковите ѕвездички”, нашата ѕвездичка Мартија Станојковиќ вчеравечер настапи како специјален гостин на концертот на Гоца Тржан. Гоца одржи свој концерт во летниот клуб “Ал Пачино” во Кавадарци, каде на сцена кратко време друштво и правеше малата Мартија, која во клубот беше дојдена со нејзините родители. Ова не е прв пат Мартија да биде гостин на настап на Гоца, за која нашата кандидатка е најголем фаворит.

 

 

Гоца побара од Мартија да испее и македонска народна песна меѓу останатите песни што ги пееше, а Мартија со задоволство го прифати и исполни предизвикот. Со ова уште една докажа дека е подготвена на секаков жанр во секое време, уште еднаш докажа дека е сериозна пејачка и вистинска ѕвезда.

 

 

За Мартија остана уште многу малку за големата победа која сите ја посакуваме. А до тогаш гласајте, почитувани читатели и гледачи,  на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:

GLA C16 – за Мартија Станојковиќ

 Гласањето е во тек, линиите се отворени, секоја СМС порака ја води Мартија се’ поблиску до победа.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репризи на Алфа „од јутра до сутра“, ќе има ли на есен нешто ново?

Ако цела измината сезона 2018/2019, телевизија Алфа емитуваше премиерна програма, одеднаш ова лето буквално целата …