Почетна / Серии / Наскоро нова шпанска серија – „Крадец на срца“

Наскоро нова шпанска серија – „Крадец на срца“

 

По мексиканската „Сестри“ која започна да се прикажува во сите градови, наскоро започнува уште една латиноамериканска теленовела на локалните телевизии ширум Македонија. Се работи за акционата новела “„Крадец на срца“ (Ladron de corazones), снимена во 2003 година од продукцијата на Телемундо. Во оваа приказна се обработени темите за корупцијата, трговијата со дрога, политиката и забранетата љубов. Во главните улоги настапуваат мексиканската актерка Лорена Рохас и колумбискиот актер Маноло Кардона. За датумот на започнување на серијата, дополнително ќе ве известиме.

 

Содржина:
Oва е приказна за забранетата љубов на Густаво Веласко и Вероника Вега. Тој е присилен да стане крадец, а таа е полициски офицер на тајна задача. Од малечок на Густаво му зборувале дека неговиот татко бил мафијаш и затоа е мртов, но на смртната постела, чичко му кажува дека убиството на татко му било наместено. Густаво се враќа во родното место за да ја одмазди смртта на татко му и затоа се вклучува во полициската група каде работи Вероника Вега, ќерка на Антонио Вега, вистинскиот убиец на таткото на Густаво. Дон Антонио е моќен и немилосрден човек чија цел е да управува со животите на другите. Од една страна тој е добар татко, почитуван бивш функционер и бизнисмен, а од друга страна суров мафијаш. Вероника живее двоен живот, таа освен работата како полицајка, работи и како танчерка во еден стриптиз бар каде доаѓаат криминалци и нарко дилери.

Судбината ги спојува Вероника и Густаво за да работат заедно и да уништат ланец на трговија кој е непознат за нив, но добро познат за јавноста. Во ова борба тие се обидуваат да постигнат иста цел, но од различна страна на законот.
 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катуранди“ повторно на МТВ 1 – петто емитување на иста серија

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од понеделник до четврток по 21.30 часот. …