Почетна / Забава / „Skopje Light Festival“ на 2 и 3 септември во Градски парк

„Skopje Light Festival“ на 2 и 3 септември во Градски парк

Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видеопроекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2 до 3 септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите.

Светлината е форма на енергија која патува и е во интеракција со материјата. Кога светлосните зраци достигнуваат тело кое не можат да го поминат, тие се рефлектираат. Оваа промена се нарекува рефлексија. Оптички феномен кој ја пренасочува светлината низ различни патеки.

Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е токму рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат.

На 5-то издание учество ќе земат авторите: Рубин Трајковски – име проект, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев, Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска- Гиразова, Елизабета Тошевска и Перо Кованцалиев. Исто така, ќе имаме можност да ги видиме и учениците од ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски”. Со своја инсталација ќе се престави и тимот на светлосни дизајнери при матичната институција, а во специјално дизјанираната „чил“ зона посетителите на фестивалот ќе ги забавуваат диџеите Бранчез, Зоки Бејбе, Вишко, Сашо-Узун, Томи Бојаџи и Маци Стојановиќ.

“Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го донесеме во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови e сведен на само 2 дена, сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и имаат минимална потрошувачка, а граѓаните на Скопје ќе можат да уживаат во ова културно збиднување исто како сите граѓани на големите европски метрополи, кои и во овие моменти на енергетска криза ги одржуваат фестивалите во полн сјај“

Настанот е во организација на ЈУ Универзална Сала, финансиран од Град Скопје а поддржувачи на настанот се: Државна лотарија, Антена 5 радио, Фондацијата Јунус Емре и Маратон Груп.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Грашо со трет концерт со симфониски оркестар во Скопје

Концертите на Петар Грашо предизвикаа огромен интерес кај македонската публика како за никој досега, барањата …

error: Содржината е заштитена!