Почетна / Филм / Саботa навечер на МРТ 1 со тинејџерската комедија „Trojan war”

Саботa навечер на МРТ 1 со тинејџерската комедија „Trojan war”

Тинејџерска комедија која се бави со сите теми кои ги интересираат средношколците: љубов, секс, спротивен пол, матурска вечер итн. Сабота, 29.10.2022 на МТВ 1 во 23 часот.

Срамежливиот Бред е убеден дека во прекрасната и неодолива Брук ја пронашол девојката на своите соништа. Како што се наближува матурската вечер, професорите одлучуваат на сите матуранти, од претпазливост, да им подарат бесплатни кондоми, а Бред својот примерок заборава да го земе, незнаејќи дека наскоро ќе му затреба.

Вечерта, кога помислува дека сите соништа ќе му се исполнат, се појавува еден навидум безначаен проблем- тој нема кондом (употребата на Тројан во насловот е игра на зборови за истоимената марка на кондоми).

Пpвата продавница е во градот, а патот до таму станува невидена авантура. Во текот на вечерта тој доживува безброј авантури со Мексиканци, Црнци, крадци и сите можни градски отпадници.

Во неговата потрага да купи кондоми, наидува на секакви неволји; Јагуарот на татко му е украден, а потоа уништен, тој се судрира со луд возач на автобус (Ентони Мајкл Хол), тој е заложник, го гони училишниот чувар (Пауло Точа) кој го обвинува дека црта графити, необичен пар шпански браќа и сестри (Кристин Дивер и Мајк Мороф) кои мисли дека личи на Дејвид Хаселхоф, кучето на Брук, љубоморното момче на Брук Кајл (Ерик Балфур) и бездомник (Дејвид Патрик Кели) кој сака два долари од него.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно на Телма – документарен филм за војната на Блискиот Исток

Целни атентати, бомбашки напади, неидентификувани воени напади се натрупуваат низ целиот Блиски Исток. Може ли …

error: Содржината е заштитена!