Почетна / Забава / Морбиден прилог за дух

Морбиден прилог за дух

Утринската емисија “Sunrise” емитуваше прилог за невидливата присутност која прави неред во еден супермаркет во Австрија. Сопственикот на маркетот изјави: “Претходниот сопственик ми кажа дека маркетот е проколнат, но јас никогаш не обрнав внимание на тоа. Сепак, откако јас го водам ова место морам да признаам дека забележав многу необични работи”.

Она што можеби највеќе ги изненади сите во последно време, е тоа што навечер, кога внатре нема никој, артиклите сами паѓаат од полиците. Најчесто се работи за слатки производи, австриските медиуми објавија снимка кадешто се гледа како еден производ “лета” од полица висока шест метри.

 

Засега, колку и да звучи смешно, за единствен осомничен се смета духот на боксерот којшто во 1998-та година е убиен токму пред маркетот. Желбата за удирање веројатно не умрела заедно со него.

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младите бунтовници се враќаат после 16 години

Сензацијата Еревеј или попознати како „Млади бунтовници“, музичка група родена од популарната серија, после 16 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!