Почетна / МК Сцена / Молитвено чествување за Тоше Проески

Молитвено чествување за Тоше Проески

 

По повод пет години од смртта на Тоше Проески, утре кај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје е закажано молитвено чествување. Предвидено е полагање цвеќе, палаење свеќи, откривање спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Мајка Тереза и Тоше Проески. Организатори на настанот се „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Проески загина на 16. октомври во 2007. година во сообраќајна несреќа во Хрватска. Пред неполни две недели илјадници фанови излегоа на Плоштад Македонија за да му оддадат почит на својот идол, и да го одбележат денот кога се одржа неговиот последен концерт во Скопје.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Промовирана првата песна на Андреа, дело на Масевски

“I Know” е насловот на деби синглот на новата артистичка надеж Андреа. Музиката, аранжманот и …