Почетна / Филм / Македонскиот филм „Преку езерото“ во петок, празнично на МРТ 1
петок, 8 декември - празничен филм на МТВ 1 - 20.50 часот

Македонскиот филм „Преку езерото“ во петок, празнично на МРТ 1

Трагична љубовна приказна за еден пар кој се нашол на различни страни од албанската граница во 1948 година. Дебитантски филм на македонскиот режисер Антонио Митриќески кој се заснова врз вистинска приказна според која режисерот снимил и документарен филм. Со рафиниран визуелен стил, Митриќески го доловува индивидуалистичкиот дух и отпор. Константин (Никола Ристановски) е Македонец, а Елена (Агнешка Вагнер), љубовта на неговиот живот, е Албанка.

Новиот политички и општествен систем со кој Албанија се изолира од остатокот на светот и станува затворен комунистички бедем, ја прекинува нивната љубовна приказна. За да дојде до Елена, Константин решава нелегално да го преплива езерото кое ги разделува. Но, него го фаќаат корумпирани албански службеници кои мислат дека тој е шпион и го осудуваат на неколку години затвор и тешка работа во албанските логори. Никој не му верува дека отишол во Албанија единствено заради љубов. Кога конечно, по многу години го ослободуваат, Константин прави грешка кога сака со Елена и нивната ќерка да се врати во својот роден крај, во Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниел Крег во воената акција „Пркос“ во сабота на МРТ 1

Снимен според вистинска приказна, „Пркос“ е исклучителна приказна за семејството, честа, осветата и спасувањето во …

error: Содржината е заштитена!