Почетна / Филм / Линколн

Линколн

 

Ќе биде ли „Линколн“ најдобриот филм на годината? Прашањата се поставуваат откако многумина критичари го изгледаа најновото остварување на Спилберг. Од идната недела во кината во САД, а наскоро и во Скопје во новиот кино комплекс „Синеплекс“ во Скопје Сити Мол! Не пропуштајте!

 

9. ноември

 

Линколн
Режија: Стивен Спилберг (Schindler’s List, Munich)
Сценарио: Тони Кашнер (Munich)
Улоги: Даниел Деј-Луис, Сели Филд, Дејвид Стретхејрн, Томи Ли Џонс, Џозеф Гордон-Левит, Џејмс Спадер
Жанр: драма, биографија

 Добитникот на Оскари, Стивен Спилберг на големото платно ни ја носи приказната за човекот кој го промени светот и историјата, приказна за големиот борец за човековите права и претседател на Соединетите Американски Држави – Абрахам Линколн.

Додека граѓанската војна распламнува, американскиот претседател се бори за постојаното крвопролевање на боиштето и со многу несогласувања внатре во сопствениот кабинет поради неговата намера да ги ослободи сите робови. Неговата храброст, цврстиот морален карактер и одлучност, неговите одлуки ќе ја променат судбината на многу генерации кои доаѓаат. Во таа борба тој не е сам, неговите најголеми соработници ги глумат Томи Ли Џонс во улогата на Тедеус Стивенс и Џонсон Гордон-Левит како Роберт Тод Линколн. Неверојатна, а и уште понераскажана приказна за моментот кој ја промени историјата на светот.

 

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шарлиз Терон е „Атомската русокоса” во неделниот трилер на Телма

“Atomic blonde” со Шарлиз Терон, Џејмс Мекавој, Џон Гудман во главните улоги. Таен агент на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!