Почетна / Забава / Линдзи Лохан во новиот спот на Лејди Гага

Линдзи Лохан во новиот спот на Лејди Гага

Линдзи Лохан ќе биде главен актер во новиот спот на Лејди Гага!

 


Актерката ќе се појави во спотот за првиот сингл од новиот албум на Гага, ARTPOP, тврдат американските медиуми повикувајќи се на добро упатените извори. Контроверзната пејачка и бунтовната актерка се зближија уште пред неколку месеци, а повеќе пати се видени заедно во јавноста.

Пејачката на интернет објави неколку заеднички фотографии со Лохан од хотелот во кој ја поминаа ноќта, а другарството одлучија да го подигнат на повисоко ниво.

„Со оглед на статусот суперѕвезда кој го има Гага, ова би можело да биде повратна карта за Линдзи. Сепак, останува мистеријата зошто толкав уметник како неа, која може да си дозволи да повика било кој од Холивуд, одбрала некој од дното“, вели изворот.

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рита Ора на 1 август со концерт на стадионот „Билјанини извори“

Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!