Почетна / Живот / Купете од новогодишните честитки на „Меѓаши“

Купете од новогодишните честитки на „Меѓаши“

 

Новогодишните честитки на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши се тука да Ве потсетат дека вниманието е она што на сите ни е потребно. Кога имаме внимание значи дека сме почитувани, ценети, сакани и тоа нe прави среќни.

Новата година и новогодишните празници се идеална шанса да им дадете на знаење на најблиските, на колегите, на Вашите соработници и партнери дека мислите на нив и дека Ви значат.

 

 

Со купувањето новогодишни честитки од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, покрај тоа што ќе ја честитате Новата година и новогодишните празници, ќе ги помогнете и активностите што ги спроведува Детската амбасада „Меѓаши”, а тоа се:

– СОС-телефон за деца и млади 0800 1 22 22 (бесплатна линија)
– бесплатна правна служба
– дневен центар за деца кои не одат на училиште
– борба против педофилија и сите видови злоупотреби на деца.

Со купувањето на честитките ќе помогнете организацијата и понатаму непрекинато да ги спроведува сите свои активности, а со тоа да придонесе за подобар живот на нашите најмили – ДЕЦАТА.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воден свет ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје

 Воден свет, или просторија со големи аквариуми за риби и други водни животни, ќе се …

error: Содржината е заштитена!