Почетна / Телевизија / Х Фактор / Кристина го нападна Жељко на „Х Фактор“

Кристина го нападна Жељко на „Х Фактор“

 

Во музичкото талент шоу „Х Фактор“ изби уште една расправија меѓу двајцата судии Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач.

 

 

Имено, познато е дека овие два члена на жирито на „Х Фактор“ најмалку се сложуваат, а во нивниот конфликт Кристина не бираше зборови. Одушевена од натпреварувачот која отпеа балада на англиски јазик, Кристина изјави дека тој е нејзината „омилена шолја чај“. Меѓутоа, Јоксимовиќ го праша натпреварувачот: „А знаеш ли некоја севдалинка да отпееш?“, што предизвика незадоволство кај Кристина Ковач: „Жељко, колку си безобразен! Немој да го тераш, пушти го, те молам!“

 

 

Јоксимовиќ остана на своето, па уште поостро го праша кандидатот: „Дали знаеш или не знаеш“? Откако натпреварувачот ја отпеа севдалинката и си замина од сцената, настана хаос! Кристина не можеше да се воздржи и на Јоксимовиќ без размислување му рече: „Жељко, значи, треба да те стават во машина за месо и да те измелат“, но ни Жељко не остана должен! „Ма немој да зборуваш дека мајка му и татко му ја пееле Бијонсе“, самоуверено рече Јоксимовиќ.

Како овој конфликт заврши ќе имаме можност да видиме во вторник на Сител телевизија веднаш по серијата „Судбината на Фатмаѓул“.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …