Почетна / Телевизија / Нова сезона, нови содржини, нова програмска шема на Алфа

Нова сезона, нови содржини, нова програмска шема на Алфа

Нова сезона, нови содржини, нова програмска шема. Најгледаните холивудски блокбастери и европски филмови, најновите и најпопуларни балкански серии и сапуници, повторно турска теленовела на барање на гледачите. А, меѓу сето ова, добро познатите политички емисии и магазини.

Алфа во есенската телевизиска сезона влегува амбициозно како никогаш досега. Програмскиот уредник, Методи Алексов, објаснува дека новата програмска шема е внимателно составена за да понуди по нешто за секој сегмент од публиката.

Алфа полека но сигурно се приближува кон врвот на македонските телевизии, вели Алексов кој додава дека со квалитетот на програмата и довербата од публиката сме веќе таму, а наскоро ќе бидеме и со бројот на гледачи –  велат од телевизијата.

По огромниот успех на „Бистра вода“, а која наскоро ќе се емитува и во Босна а веројатно и на други странски пазари, Алфа без никаква помош од државата продолжува да инвестира во сопствена продукција, а во фаза на подготовка се неколку нови проекти.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три месеци гратис MOVE со дел од понудите на www.akcija24.mk

MOVE е дел од атрактивните понуди на www.akcija24.mk, еден од пионерите на онлајн-трговијата во Македонија. …

error: Содржината е заштитена!