Почетна / Серии / Српската серија „Фолк“ наскоро на Алфа

Српската серија „Фолк“ наскоро на Алфа

 

„ФОЛК“
наскоро на Алфа телевизија

 

 

Наскоро на фреквенцијата на Алфа телевизија ќе се емитува српската серија „Фолк“. Првата сезона на популарната серија ја портретира главната ѕвезда во приказната, односно единаесетгодишната Ѕвездана, која во својот роден крај е позната како дете со ангелски глас.

Додека таа пее, возрасните плачат. Свесни за нејзините потенцијали се и нејзините родители, особено нејзиниот татко кој ќе се лиши од се за да и обезбеди на Ѕвездана успешна естрадна кариера. Ѕвездана преку ден оди на училиште, а ноќе пее во кафеана, од тоа опстојуваат таа и нејзиното семејство. Сите нејзини желби се насочени само кон една цел – да победи на државниот натпревар за прв глас на Србија. Тоа е нејзината шанса да влезе во светот на естрадата за кој сонува.

Главната улога во првата сезона на оваа серија и е доделена на Катарина Богичевиќ која беше финалистка во музичкото реално шоу „Јас имам талент“ во сезоната 2010-2011.

 

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди